Македонија

Невреме со силен ветер и дожд направи штети во Ранковце

Реонот на Oпштина Ранковце попладнево го зафати невреме од дожд и силен ветер што предизвика штета и прекини во напојувањето со електрична енергија.

Градоначалникот на Општина Ранковце, Ивица Тошевски, информира дека најпогодени од невремето се селата Гиновци, Петралица и делови од Одрено.

Силниот ветер и пороен дожд што го зафатија реонот на нашата општина околу седумнаесет часот, во период од неполн час направија поголема материјална штета во Гиновци, Петралица и делови од Одрено. Паднати дрвја на и покрај патот, однесени ќерамиди и дел од кровни конструкции, искинати кабли за интернет и телефонски кабли, како и кабли за струја се само дел од штетите што настанаа. Како локална самоуправа презедовме интервентни активности, во координација со Територијалната противпожарна единица од Ранковце, како и со поддршка од приватниот субјект што гради водоснабдителен систем во нашата општина, беа отстранети паднатите дрвја, се работеше на расчистување на повеќе локации,за да се излезе во пресрет на потребите на локалните жители, изјави Тошевски.

Тој рече дека наместа се уште има паднати бандери со телефонски приклучоци, а во одреден временски период во делови од општината во прекин било и снабдувањето со електрична енергија.

Наместа биле забележани покосени стебла  пченка, а штетите кои се настанати на земјоделските култури допрва ќе се утврдуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за култура и туризам го укина конкурсот за кофинансирање странски издавачи за објави на преводи од македонски автори

Tea Dimkovska

Партиските надмудрувања го „глават“ донесувањето на новиот Изборен законик

Tea Dimkovska

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе