Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранијата се клучни за европската интеграција

/

Македонија

Сподели преку :

Собранијата се во сржта на работата и двигател на пристапувањето на земјите кон ЕУ. Ова е пораката која им беше испратена на претставниците на собранијата на земјите од регионот кои во македонското собрание дебатираат за улогата која тие ја имаат за европскиот пат на своите земји, под покровителство на германски ГИЗ.

Заменик-амбасадорот на Германија во земјава, Јан-Аксел Фос, на пратениците им порача дека погрешна е прецепцијата дека владите го движат европскиот процес напред, туку дека собранијата ја имаат клучната улога.

„Тие се форум за јавна дебата, тие се форум за градење консензус, кој што не секогаш е возможен, но истито многу помага во градењето на доверба на јавноста. Парламентот е тој којшто мониторира и овозможува демократски надзор врз она што го предлагаат владите кога станува збор за усогласувањето на националното со европското законодавство и кои закони навистина треба да се изменат“, изјави заменик-амбасадорот на Германија, Јан-Аксел Фос.

Од Европската комисија пак со став дека и владите се важни во преговорите и други реформи поврзани со ЕУ, но оти на крај се се сведува на активностите на собранието.

„Во однос на усогласувањето и во тоа дека тие имаат најголема улога во комуникација со греаѓаните. Значи парламентите не треба да бидат видени како поддржувачи на процесот, туку како двигател каде што реформите поминуваат еден стрес-тест“, рече Џулио Венери, заменик-раководител на Одделението за стратегија и координација на проширувањето на ЕК.

Според Венери ревидираната методологија за пристапување од 2020 година донела новини во функционирањето на демократските институции, што според него не е само бирократска вежба, туку стратешки избор на Комисијата за одредување на квалитетот на демократијата и институциите.
Вицепремиерот и министер за европски прашања на Македонија, Беким Сали, со свој став за тоа каква улога треба да игра собранието во процесот на пристапување.

„ Парламентите треба да бидат чувари на заложбите, да го надгледуваат напредокот и да осугураат дека јавните институции носат опипливи резултати“, рече Беким Сали, министер за европски прашања.

За претседаталот на собраниската Комисија за европски прашања, Антонијо Милошоски, пак транспонирањето на европскотот законодавство во националното, не е лесна работа, но уште потешка е неговата имплементација.

„Но уште потешко е да се влијае и да се постгне консензус меѓу земјите-членки на Унијата за тоа дали проширувањето е или не е приоритет“, Антонијо Милошоски, претседател на собраниската Комисија за европски прашања.

Милошоски изрази задоволство од нон-пејперот на Франција и Германија за постепена интеграција на регионот, со надеж дека до крајот на годината ќе има консензус меѓу змејите-членки овој предлог да прерасен во акциски план на Европската комисија.

Тамара Грнчароска

 

Jumbo 2