Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Маж снимен како фрла ѓубре во река Радика

/

Македонија

Сподели преку :

Маж е снимен од граѓани како фрла ѓубре во една од најубавите реки во Македонија Радика. Видеото е објавено на стратницата „СРД Трофта“, каде велат дека ваквиот чин е срам и непочитување кон природата.

Ова е реката Радика – една од најчистите и најубавите реки во Македонија.
Да фрлаш ѓубре во реката не е „ништо страшно“ – тоа е срам и непочитување кон природата, рибите и нашата иднина. Радика не е место за ѓубре! Да го заштитиме она што природата ни го подарила, стои во објавата на  „СРД Трофта“
Инаку за фрлање отпадоци во река или каква било друга водена површина во Македонија, предвидени се парични казни кои почнуваат од 150 евра за физички лица , додека за правни лица (компании) глобите се драстично повисоки и можат да достигнат до 20.000 евра во денарска противвредност, во зависност од видот и количината на отпадот.Овие прекршоци се строго регулирани со Законот за управување со отпад и Законот за водите, со цел да се спречи загадувањето на животната средина.
Од СВР Охрид велат дека преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето по што јавноста ќе биде соодветно известена, стои во одговорот.
Jumbo 2