Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Алказар енерџи“ обезбеди 180 милиони евра за ветерниот парк во Штип

/

Македонија

Сподели преку :

Компанијата „Алказар енерџи“, инвестициски фонд од Луксембург, го заокружи финансирањето на првата фаза од проектот „Ветерен парк“ во Штип со обезбедување на 180 милиони евра. Раководството на компанијата најави дека се оди во следна фаза за реализација на инвестицијата од над 500 милиони долари која треба да овозможи 396 мегавати електрична енергија од проектот, кој ќе содржи вкупно 54 ветерни и ќе биде најголем во регионот.

„Денеска завршуваме со финансиската конструкција за 131 мегават и 21 турбина, со 180 милиони евра инвестиции, што се обезбедени од ЕБРД, ИФЦ, Ерсте банка, заедно со Шпаркасе банка. Не можам да го кажам името на компанијата, но можам да кажам дека таква компанија покажува доверба во држава како Македонија“, рече Даниел Колдерон, коосоновач и генерален директор на „Алказар енерџи“ во Штип во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министри и претставници на финансиските партнери.

Колдерон најави дека готовиот ветерен парк ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства, ќе бидат заштедени 570.000 тони ЦО2, а ќе се овозможи речиси 300 вработувања.

Завршувањето на финансиската конструкција, како што рече Колдерон, претставува почеток на убава приказна за проектот почнат уште во 2008 година за кој во јуни 2024 година беше потпишан договорот.

„Ова е круна на двегодишната работа тука, „Алказар“ е, и ќе остане значаен партнер на Владата“, посочи тој, истакнувајќи дека набргу ќе се затвори и финансиската конструкција за ветерните паркови во Карбинци и во Радовиш.

Најавена изградба на најголемата ветерна електрана во Македонија – од бизнисмен близок до ВМРО-ДПМНЕ до инвестициски фонд од Луксембург

Бизнисмен близок до ВМРО-ДПМНЕ го започна проектот пред повеќе од 10 години, инвестициски фонд кој му ги продаде своите соларни и ветерни електрани на Блискиот Исток на кинески фонд, ќе ја гради најголемата ветерна електрана во земјава. Ветерниот парк со моќност од 400 мегавати, најголем во регионот, ќе се гради меѓу Радовиш, Штип и Карбинци.… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2