Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

40 пожари за еден ден, четири сè уште активни

/

Македонија

Сподели преку :

Четири пожари се активни, а во текот на вчерашниот ден биле регистрирани  40 пожари на отворено од кои триесетина се изгаснати.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов забележа дека вчерашниот ден бил еден од најтешките сезонава во однос на пожарите поради високите температури и ветерот. Пожарот кој неколку дена го загадуваше воздухот во Скопје е изгаснат.

Пожарникарите и доброволците се справуваат со огнените стихии во Македонски Брод, Брвеница, Старо Нагоричане,а на Скопска Црна Гора од воздух се гасне и со еден хеликоптер.

Во близина на беровското село Ратево вчера избил пожар

поради палење оган на импровизирана скара од страна на граѓани, а опожарени се нискостеблести растенија. За настанот е информиран  јавен обвинител и по негова насока е извршен разговор со 43 годишен  жител од Беровското село Мачево,кој како што наведуваат од СВР-Штип го предизвикал пожарот.

Против него ќе има и соодветна пријава. Ангелов предупреди дека во текот на денот се можни промени во состојбата со пожарите, поради високите температири и ветерот.

Викторија Јованова

Jumbo 2