Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јанушев: Постапувањето на возачот нема врска со мене и нека одговара

/

Македонија

Сподели преку :

Генералниот секратар на Владата, Игор Јанушев, се огласи на социјалните мрежи по отворената истрага за неговиот возач за земање мито. Јанушев се огради од него, а смета дака опозициската партија СДСМ ја извртува реалноста поврзувајќи го настанот со Јанушев.

„Во однос на мене лично, сакам да бидам кристално јасен дека целосно се оградувам од постапувањето на приведеното лице. Неговото постапување нема никаква врска со мене, со мојата функција, со моето работење или со каква било моја одлука или постапка. Лицето е возач кој во минатото работел и кај други функционери, а на позицијата возач кај генерален секретар е само околу шест месеци. Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност и за стореното треба да одговара пред надлежните институции“, пишува Јанушев во објавата на Фејсбук.

Вели дека целосно ја поздравува и ја поддржува акцијата на надлежните институции за спречување на корупцијата, како и храброста и решителноста на граѓанинот кој го пријавил барањето за мито и соработувал со институциите за случајот да биде откриен и процесуиран.

„Само со таков однос, пријавување, постапување и неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата нема да се премолчува и толерира. За вакви постапки мора да има нулта толеранција, без разлика кој е сторителот. И до сите оние кои мислат дека на ваков начин можат да дојдат до пари или дека ваквото работење може да им се исплати, сакам недвосмислено да истакнам дека со оваа Влада, со институциите кои постапуваат и со моето работење како поединец, но и како дел од овој систем, криминалот нема да ви биде исплатлив. Нема да дозволам нечии незаконски постапки да го валкаат угледот на луѓето кои чесно, одговорно и деноноќно работат за резултати, ниту ќе дозволам со такви постапки да се фрла сенка врз работата што ја вложуваме секој ден“, додава Јанушев.

Објавите и обвинувањата на СДСМ за случајот ги смета дека се „обид на опозициската партија за произведување на политичка конструкција“ ги опиша како „крајно несериозни и политички бедни“. Ги обвини дека конструкцијата им е целосно промашена.

„Не можат да прифатат дека никој не смее да биде заштитен ако го прекршил законот. И токму затоа денеска се обидуваат да ја претстават како проблем акцијата која всушност покажува дека системот функционира. Нема да дозволам нивните политички конструкции да ја сменат вистината. Корупцијата треба да се пријавува. Институциите треба да постапуваат. А секој што ќе го прекрши законот треба да одговара, без оглед на функција, партија или близина со кој било функционер. Тоа е нашата позиција. А СДС, наместо да измислува приказни, нека се соочи со фактот дека времето на заштита од одговорност заврши“, порача Јанучев во својата објава.

Jumbo 2