По вчерашната сторија на Телма за поскапувањето на меѓуградскиот превоз, реагираше ДУИ. Од партијата велат дека новите цени директно го погодуваат студентите и вработените кои секојдевно патуваат.
Како пример ја посочуваат релацијата Тетово – Скопје, каде билетот за еден правец поскапел од 200 на 250 денари, а месечните трошоци за превоз се зголемиле од околу 5.500 на 6.500 денари.
ДУИ бара надлежните јавно да ги објават причините за поскапувањето и да воведат мерки за заштита на граѓаните, особено на студентите и на оние кои зависат од меѓуградскиот превоз.













