Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен маж од Македонски Брод кој е осомничен за предизвикување пожар во село Брезница

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата приведе 38-годишен маж од Македонски Брод по пријава дека вчера (5 септември) околу 10 часот предизвикал пожар во село Брезница.

„На 05.09.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.Т.(38) од Македонски Брод, постапувајќи по пријава дека на 05.09.2026 околу 10:00 часот предизвикал пожар во с. Брезница, Македонски Брод, така што од искрење на бензински тример за косење, во близина на неговата куќа во с.Брезница, настанал пожар кој се проширил кон соседните имоти“, соопшти МВР.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми“ и локалното население. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Jumbo 2