Романски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека „безобѕирно управувал со моторно возило“, што е кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.
„Вчера во 06:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, Х.В.С. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час“, посочуваат од МВР.
Тој бил спроведен во Полициска станица во Неготино за натамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.













