Вести Македонија Топ вести

Македонија повторно стана бугарска во предизборните спотови на Каракачанов

Македонија повторно стана бугарска во предизборните спотови на партијата на поранешниот вицепремиер на Бугарија, Красимир Каракачанов, ВМРО – Бугарско национално движење. Овојпат за разлика од спотот објавен во март каде отворено се кажуваше дека Македонија е бугарска, во новиот спот тоа се прави со прикажување снимки од Охрид и зборовите „за незаборавање на бугарштината“ во контекст на она за што ќе се заложува партијата.

На видеото кое е објавено вчера реагираше македонското Министерство за надворешни работи со очекување бугарските официјални претставници да се оградат и да ги осудат ваквите настапи на партија која е потенцијален политички учесник во највисокиот дом на Бугарија.

Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме“, стои во реакцијата на македонското МНР.

Од бугарското МНР до овој момент нема официјална реакција со осуда на новиот видео спотот на партијата на Каракачнов каде Македонија се претставува како бугарска. Бугарската дипломатија во март се огради од предизборниот видео спот на европаретникот, Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД во кое Македонија беше претставена како бугарска и македонската власт беше претставена како привремена власт. Каракачанов додека беше вицепремиер во владата на Бојко Борисов во неколку наврати отворено искажуваше територијални претензии кон Македонија, а никогаш не отстапи од политиката на негирање на постоењето на македонската нација.

Инаку во пресрет на предвремените парламентарни избори во Бугарија кои треба да се одражат за два дена, ова не е и единственото барање од соседна држава упатено до бугарското Минстерство за надворшени работи.

Пред неколку дена регираше и Србија откако на почесниот конзулта на Србија во Пловдив беше испишано „Срби на врби“, по што бугарското МНР го осуди овој чин, со осуда на јазикот на омраза кон која и да е држава и нејзините граѓани.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе