Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Пожари на 11 локации – пет се активни, шест се под контрола

/

Македонија

Сподели преку :

Вкупно 13 пожари на отворен простор се регистирани денеска до 13 часот од кои пет се активни, шест се под контрола, а два се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите меѓу селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, кој се проширува и на територијата на Косово, кај селото Белица во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Подгорци во Општина Струга, во населбата Бедиње во Куманово и на месноста Чавкарник над Маврово во Општина Маврово-Ростуше.

Под контрола се пожарите меѓу селата Буринец, Локов и Селци во Општина Струга, кај селото Брезница во Општина Македонски Брод, во реонот на селото Копаница во Општина Сарај, кај месноста Рамно во Општина Чучер-Сандево, како и пожарите на депониите во Кратово и Делчево.

Во меѓувреме, изгаснати се пожарите кај селото Црвени Брегови во Општина Неготино и на улицата „Перо Наков“ во Општина Гази Баба.

Jumbo 2