Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Личната карта и возачката дозвола во телефон – од октомври електронски документи

/

Македонија

Сподели преку :

Освен во џеб, личните документи и во мобилен телефон. Од дилеми дали дигитализацијата е безбедна, до тоа колку ова ќе го олесни секојдневието на граѓаните. Од идниот месец не мора секогаш да ги носите личната карта и возачката дозвола со вас. Министерството за дигитална трансформација велат дека овие електронски документи ќе важат исто како и хартиените.

„Апликацијата се очекува да биде официјално пуштена во текот на октомври, а точниот датум дополнително ќе биде објавен. Согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги,  електронските документи ќе имаат иста правна важност како физичките. Електронските документи нема да бидат обична фотографија или скенирана копија од документот, туку официјални електронски документи преземени од државните евиденции, информираат од Министерство за дигитална трансформација.“

Дел од граѓаните стравуваат и од можна злоупотреба на личните податоци, но од Министерството за дигитална трансформација уверуваат дека безбедноста и приватноста се приоритет и дека пристапот до податоците ќе биде строго контролиран и заштитен.

„Пристапот ќе се врши преку електронска идентификација и личен ПИН-код, а размената на податоците ќе се одвива врз основа на безбедносен протокол со Министерството за внатрешни работи, како институција надлежна за изворните податоци. Пристапот до системите и информациите ќе биде строго ограничен, евидентиран и достапен само за овластени страни, велат од Министерството за дигитална трансформација.“

За оние кои немаат паметен телефон, нема да има обврска да ја користат апликацијата. Физичките документи остануваат важечки и ќе можат да се користат како и досега. Примената на електронски документи нема да биде автоматски во секоја институција туку постепено ќе се проширува.

Тамара Марковска

Jumbo 2