Македонија Најважни

Софијанова: Заспаниот имунитет кај децата поради ковид мерките – причина за појава на респираторни инфекции

Лекари од детската клиника, предводени од директорката Аспазија Софијанова итно заминаа утринава за Гевгелија, откако тамошните лекари алармираа дека во изминатиот месец педесеттина деца – меѓу кои и доенчиња биле хоспитализирани со респираторни симптоми, нетипични за овој период од годината.

Сите деца биле на возраст од две до пет години. Причинителот е непознат, а специфично е што две деца завршиле на респиратор, што досега е незабележано и кај деца заболени со Ковид-19.

Неколку од гевгелиските деца со респираторна инфекција, лекарска помош побарале и во болницата во Козле, дел амбулатски, дел биле задржани на лекување, но за кусо време сите биле пуштени дома.

Во моментот таму не се лекува ниту едно дете од Гевгелија, но болницата е полна со деца од сите останати градови. Имаат исти симптоми како и гевгелиските, со температура, но ниту едно не е со ниска сатурација, заради која би требало да биде ставено на кислород.

За неколку часа, само во Козле, има по 50 амбулантски прегледи на деца со овие симптоми, за Телма објаснува директорот на болницата, Бесник Зекири. Причината за овој невообичаен пик на респиратони инфекции кај децата, според Зекири е комбинација од топлото време, односно наглите климатски промени и олабавувањето на рестриктивните мерки.

И Зекири е на ставот како и неговите колеги од здравството дека децата во изминатиот период биле презаштитени од контакти, а со тоа и од вируси и бактериски инфекции, но по укинувањето на ограничувањата започнале наглите дружби кои неизбежно завршиле со ваков епилог.

Ова би било нормална слика пред само околу еден месец, но заради ковид-ситуација пикот на респираторни проблеми кај децата ни се случува сега.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Tea Dimkovska

МВР: Учениците кои сакаат да се запишат во Средно полициско училиште нема потреба да се отпишуваат од нивното матично училиште

Tea Dimkovska

Речиси целиот комунален отпад во Македонија завршува на депонии

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе