Македонија Најважни

Антикорупциска ги бара документите од Богдановиќ-ќе ја истражува градежната дозвола и проектот за „Холидеј ин“

Антикорупциска од градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ денеска ќе ја побара целата документација околу дозволата за градба и проектот за Холидеј Ин, дознава Телма. Антикорупционерите ќе ги истражуваат сите детали поврзани со дозволата и проектот за кој е издадена.

Вчера Богдановиќ потврди дека барањето на инвеститорот  е правосилно и нема пречки да почне да се гради првата од трите висококатници на едниот од трите плаца на паркингот спроти Холидеј Ин.

Министерот за транспорт Благој Бочварски на прес конференцијата кога образлагаше зошто се одбиваат елаборатите од Центар за суспензија на спорните ДУП-ови потврди дека Центар веќе издала дозвола за градба на инвеститорот, уште пред да го дочека мислењето на транспорт. Кажа и дека нивното мислење не е обврзувачко, зошто Центар може и сам да ги суспендира ДУП-овите, но Богдановиќ се повика на мислењето на транспорт и кажа дека во таков случај, доколку инвеститорот бара оштета, таа ќе треба да ја плати Општината.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

Дејан Дејан

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

Дејан Дејан

ЦУК се модернизира – преку „Silent Call“ жртвите на семејно насилство и лицата во опасност ќе може да побараат помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе