Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, два се активни, три се ставени под контрола, додека 22 се целосно изгаснати.
Активен е пожарот во Општина Маврово и Ростуше, кај месноста Голем Брдаш, каде што гори шума.
Пожар е активен и во Општина Шуто Оризари, кај Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија.
Под контрола се пожарите во Општина Зелениково, над селото Палиград – Преслап, во Општина Сарај, кај селото Копаница, и во Општина Струга, кај селата Пискупштина, Буринец и Локов.













