Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судскиот процес за пожарот во „Пулс“

/

Македонија

Сподели преку :

Со испитување на вештите лица предложени од одбраната денеска треба да продолжи судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На вчерашното рочиште беше посочено дека во периодот од 2012 до 2025 година во објектот немало инспекциска контрола од инспектор за противпожарна заштита, а бил поставен и само еден план за евакуација. Беше констатирано и дека главната влезно-излезна врата не ги исполнувала условите за противпожарна врата.

Вештото лице Маријана Лазаревска оцени дека сунѓерестата облога во објектот придонела за брзото ширење на огнот, додека вештото лице Викторија Будимовска Секуловска говореше за пропустите во противпожарната заштита.

Со распитот на тимот вештаци од Градежниот факултет при УКИМ се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството, по што одбраната ќе започне со изведување на своите докази.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година и однесе 63 животи, а повеќе од 200 лица беа повредени.

Според обвинението, трагедијата е последица на сериозни пропусти во почитувањето на безбедносните и противпожарните стандарди.

Jumbo 2