Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дома се бара со меѓународна потерница, а во Бугарија е слободен граѓанин – дали Михаилов ќе биде екстрадиран во земјава

/

Македонија

Сподели преку :

Македонските власти очекуваат соседна Бугарија да го екстрадираат бегалецот Симеон Михаилов од Кочани кој има правосилна судска пресуда од дванаесет и пол години за обид за убиство на Драганчо Стоименов познат како Даци Белски и кој беше дел од криминалната група „Детонатор“. Премиерот Христијан Мицкоски денеска со став дека соседна Бугарија тоа треба да го стори во духот на партнерството.

„Ние имаме потреница и очекуваме нашите партнери да постапат соодветно на партнерството бидејќи сме партнери со нашиот источен сосед во една друга Алијанса која се вика НАТО и очекуваме луѓето коишто се бараат со потерници коишто направиле прекршок или кривично дело да ги испорачаат за да можат да се соочат со законот и со правдата за да се види дали е тоа точно или не  е точно и само така секој може да ја докаже својата вина или невиност“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Михаилов кој е татко на Ива Михаилова за која се води судски процес за сообраќајна несреќа во која има загинато едно лице, но обвинува на дискриминација дека не и е дозволено лекување во Бугарија, поради тоа што има двојно државјанство македонско и бугарско подолго време живеел во Бугарија, а јавноста завчера го виде и пред македонската амбасада во Софија, како дава изјава на медиумите. Првично бил осуден на доживотен затвор, по неговото барање за повторување на постапката е осуден на 20 години, по поднесена жалба Апелациониот суд му ја намалува на 12,5 години. Михаилов за време на судењата успеал и двапати да избега од државата еднаш во Италија, од каде што е екстрадиран, а неколку дена пред да му стане правосилна пресудата е ослободен под гаранција и отогаш бега во соседна Бугарија и е недостапен на македонските власти.

Од Министерството за правда за постапката за екстрадиција велат дека започнуваат по претходно добиено известување дека лицето е лоцирано или уапсено.

-До овој момент немаме добиено такво известување за лицето Симеон Михаилов, велат од Министерството за правда.

По Михаилов и уште неколкумина поврзани со криминалната група Детонатор имаат активни потерници, според кочанската јавност најголемиот дел од бегалците се во соседна Бугарија.

Викторија Јовановска

 

Jumbo 2