Пратениците ја именуваа Арљинда Хасани Синани за вицегувернер на Народната банка. Таа доаѓа на местото на досегашниот Фадил Бајрами кој оваа функција ја извршуваше од 2005.
Арлинда Хасани Синани, е искусна банкарка – која доаѓа од Стопанска Банка АД – Скопје, каде работела на позицијата регионален директор за Северозападниот регион..Во текот на 20 годишната кариера стекнала искуство во примената на регулаторната и супервизорската рамка на банкарскиот систем, управувањето со ризици, корпоративното управување и процесите на одлучување во банкарското работење. Била член на Комитетот за ризик, Комитетот за кредитен ризик, комитетот за управување со средства и обврски (ALCO) и Комитетот за човечки ресурси. Професионалното усовршување го остварувала преку програмите за среден и висок менаџмент на ProCredit Academy во Франкфурт на Мајна, Сојузна Република Германија.
Во април годинава, пратениците ги избраа и Ана Митревска и Игор Величковски за вицегувернери.
Вицегувернерите ги именува Собранието на предлог на гувернерот. Се именуваат за период од седум години со право на повторен избор

Собранието, денеска, на предлог на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, со мандат од седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и има повеќе… Продолжи со читање













