Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лефков: СДСМ за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД

/

Македонија

Сподели преку :

Венко Филипче и раководството на СДС, ширејќи, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „лаги и хистерија“ во јавноста за изградбата на дата центрите, се ставиле на иста линија со Кина, а против САД, кои се стратешки партнер на Македонија.

Ова го истакна Миле Лефков, член на Извршниот комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„И во САД има обиди за креирање на јавно мислење против изградба на дата центри. Според натписи од американските медиуми истите информации против индустријата со дата центри се шират организирано од голем број на профили од Кина. И овие профили на социјалните мрежи организирани од Кина се на иста линија со Филипче или Филипче е на иста линија со нив. И ставот на Кина е разбирлив затоа што САД со дата центрите и се најголем конкурент. Но, ставот на Филипче не е за разбирање“,  рече Лефков.

Тој го прашува Филипче дали мисли дека од развиена индустрија граѓаните немаат добивк и дека национален дата центар во кој ќе се чуваат податоци на граѓаните и на државата не се придобивка?

 

Jumbo 2