Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за формирање на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 20°C, а максимумот од 26 до 35°C.
Информација од ова утро 2.9.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
27 Кавадарци, 26 Гевгелија, Велес, Демир Капија, 25 Скопје, Струмица, 24 Штип, 23 Куманово, Виница, 22 Прилеп, Битола, Охрид, Тетово, Претор, 20 Пожаране, Крушево, Крива Паланка, 18 Берово.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Преспанско Езеро 24.5, Дојранско Езеро 26.8.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]












