Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер

/

Македонија

Сподели преку :

После 72 часа непрекината активност на терен и три непроспиени пеколни ноќи на линија на огнот, битката за Пелистер е добиена – соопшти Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк Пелистер.

Во соопштение до јавноста, Тошевски посочи дека станува збор за еден од најкомплексните пожари оваа сезона на територија на Македонија, во шума каде доминираат црн и бел бор и соодветно на тоа следуваше една од најкомплексните акции за гаснење на пожар на отворен простор.

„И покрај неповолните временски услови на терен, акцијата беше успешна. Невозможното стана возможно затоа што единиците на НП Пелистер, ТППЕ Битола, ТППЕ Ресен, маханизација на ЈП од Општина Битола, ЈП Стрежево, Огнените сили на ДЗС, ДПД Архангел, ДПД Кочани, хеликоптерите на Воздухопловниот ВИНГ на АРМ, ер тракторите на ДЗС и голем број на приватни стопанственици и други доброволци беа непрекинато на терен без ниту една пауза во текот на целото деноноќие. Целата оваа поддршка беше обезбедена благодарение на директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов“, посочи Тошевски.

Во битката за Пелистер сите учесници останаа будни и повеќе од 48 часа, информираа од ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола.

Jumbo 2