Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Автобус се запали на Водно – возачот спречи пожарот да се прошири во шумата  

/

Македонија

Сподели преку :

Црнила, изгорена конструкција и скршени стакла, вака изгледа автобусот на линијата 25 по пожарот на Водно.

„Двокатен автобус на ЈСП се запали на Водно. Пожарот го изгаснаа седум пожарникари за околу петнаесетина минути, а повредени нема“

Се започнало кога се запалила електричната инсталација во автобусот. Возачот веднаш го забележал пожарот, ги симнал патниците и наместо да го остави автобусот во близина на шумата, го придвижил на место без зеленило. Според командирот на противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, состојбата можело да биде многу полоша доколку се запалела и шумата.

„Повикот беше добиен преку системот 112 и веднаш беа упатени две противпожарни возила. Кога пристигнале екипите на терен го затекнале пожарот во пламен и за релативно кратко време го изгаснале. Сепак благодарение и на возачот на автобусот кој бил присебен да го паркира на соодветно место за да не дозволи проширување и на околните дрва“ – вели командирот на противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски.

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираа дека ги спроведуваат сите неопходни проверки за да ја утврдат точната причина за пожарот.

Ова не е првпат автобус на ЈСП да се запали при возење.

На почетокот на годинава, автобус се запали во општина Сопиште и тоа во близина на куќи. Огнот прво го зафатил моторот, а потоа се проширил низ целото возило.

Последните статистички податоци покажаа дека постојано се намалува бројката на патници кои се движат со јавен превоз, од лани досега таа е намалена за 8 отсто.

На застарениот возен парк на ЈСП предупреди и Центарот за граѓански комуникации во извештајот од февруари каде стои дека од 341 автобус исправни се само 185.

Тамара Марковска

Jumbo 2