Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паника

/

Македонија

Сподели преку :

СДС на Венко Филипче продолжува со серијата со наслов  – ширење паника и хистерија меѓу граѓаните. Притоа видливо е непознавањето на основните работи кога станува збор за дата центрите или центри за податоци, или пак можеби само се грижи за личните интереси, рече на денешниот прес Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него Филипче и СДС треба да знаат дека едно се  инвестиции од поединци како онаа во Пехчево, а друго е кога државата преговара за отворање на вакви дата центри. И премиерот Христијан Мицкоски во јавноста прецизно објасни како би се одвивала процедурата кога станува збор за државата. Јасно кажа дека кога државата ќе преземе институционален чекор за изградба на таков објект, јавно ќе биде се презентирано. Официјалните информации се и дека се преговара со пет или шест потенцијални инвеститори. Се разбира, притоа никако нема да се посегне по она што подразбира животна околина и животен стандард на граѓаните, а за што Филипче вели дека е загрижен.

Jumbo 2