Кинеската тортура со капка по капка на лицето да се измачува жртвата е признаена тортура. Не е важна техниката на мачење туку ефектот на предизвикување страв, неизвеснот и омаловажување. И овој случај припадниците на алфите го легнале Љубе Бошковски на земја и вештачењата докажаа дека му е предизвикано душевно страдање. Обвинителот Љубомир Лапе неместо со нови докази испрати порака до судот дека не постои наука која точно ќе утврди кој од алфите колку физичка сила употребил.
Одбраната му врати на Лапе дека наместо нови докази тој држи говор во судницата иако судијката ја запре пресудата ја преотвори доказната постапка и побара од обвинителот да ја разјасни улогата на секој обвинет во тортруата врз осомничениот Љубе Бошковски. Тој се повика и на праксата на Европскиот суд за човекови права за кој и само снимката од тортурата е доказ, како и дека тој суд прави разлика дали има тортура или друго сурово, нечовечко и понижувачко постапување врз основа на тежината на страдањето на жртвата. Адвокатите на Мијалков и останатите обвинети побараа да добијат записник и на следното рочиште наредната недела да се произнесат за денешното излагање на обвинителот. Доколку и тие немаат некакви докази и предлози, судијката Ристеска најави дека ќе закаже рочиште за нови завршни зборови.
Павле Беловски
