Уставните судии имаат на располагање нешто помалку од два месеци, доколку одлучат да го спречат одржувањето на пописот. Тоа може да го сторат ако ја прифатат иницијативата на пратеникот Димитар Апасиев, кој е уверен дека одењето на неколку илјади попишувачи во домовите на македонските државјани во време на пандемија и прогласена кризна состојба, ќе ја влоши здравствената ситуација. Затоа бара законот за попис да биде укинат или поништен, а Судот да ги стопира сите подготвителни дејствија со времена мерка.
Министерството за правда смета дека ова тврдење е неиздржано: пописот беше одложен од април за септември за да се зголеми бројот на вакцинирани, а уште во март е донесен протокол.
Професорот Шасивари смета дека иницијативата е неоснована и дека Судот не може да оценува дали попис во кризна состојба претставува кривично дело.
Заводот за статистика тврди дека пописната регулатива е во согласност со меѓународните стандарди. Методологијата не предвидува пописна комисија, каква што во 2002 избра Собранието, а во 2011 – Владата.
Неприфатливо е вакво оправдување за некоја грешка од минатите години, реагираше судијата Јосифовски.
Подготвителна седница се организира како помош на судиите во изградувањето мислење. На посебна седница уставните судии ќе расправаат за оваа точка и ќе одлучат дали е потребно да поведат постапка и да го поништат или укинат законот, или ќе констатираат дека тој целосно е во согласност со уставот и може непречено да се спроведува. По речиси две децении, писот беше предвиден за април а потоа одложен за септември годинава.
Соња Николовска
