Жителите на Преспа, сплотени, потпомогнати од бизнис заедницата, војската, ренџерската служба, вработени во јавните претпријатија и здравствени установи, како и јавни личности, изминатиот месец активно работеа на чистење на Преспаснкото крајбрежје и дислоцирање на дивите депонии, во рамките на кампањата „Чиста Преспа, моја Преспа“.
Во рамките на акцијата, како што информираа од Општина Ресен, биле исчистени плажите во Отешево, Сливница, Претор, Стење, патеката од туристичката населба Претор до Сливница, просторот околу болницата во Отешево, коритото на Голема Река, дворот на мониторинг станицата во Стење, депониите кај Коњско, Сливница, Царев Двор и Рудина…
