Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: 31 пожар на отворен простор, четири се активни, а три под контрола

/

Македонија

Сподели преку :

Утринава до 7:30 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 24 се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица – Општина Зелениково, каде гори мешана шума; општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), каде гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат; Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, горат ниска вегетација и смреки; и Општина Струга – с. Франгово, гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Под контрола се пошарите во Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума; Општина Делчево – депонија, ѓубре; Општина Брвеница – с. Стрмница.

 

Jumbo 2