Околу 250 милиони евра изнесуваат досегашните инвестиции на А1 Македонија, а таквото темпо ќе продолжи, најави раководството на компанијата на денешното одбележување 7 години на брендот А1.
„А1 Македонија е оператор со најмногу мобилни корисници. А1 Македонија е најголемиот мобилен оператор во државата. Инвестираме сериозни средства во развој на мобилна мрежа и технологии, оптичка инфраструктура, конектирање на нашите корисници со оптички интернет, инвестиција во различни дигитални алатки и иновативни решенија. Само во овие седум години инвестиравме 250 милиони евра во технолошки платформи, технолошки решенија и тоа со цел да го подобриме квалитетот на сервисот, квалитетот на нашите услуги, нормално за врвно корисничко искуство“, рече Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
Луѓето се причината поради која А1 постојано инвестира во нови современи технологии, дигитални услуги и подобро и унапредено корисничко искуство, сè со цел тие полесно да комуницираат, да учат и да стекнуваат нови искуства, да создаваат и да градат меѓусебни односи, велат од компанијата.
„Барањата и потребите на корисниците постојано се менуваат. Корисниците сè повеќе сакаат слобода, флексибилност, многу можности за учење, развој и дружење. Затоа, ја создадовме нашата нова понуда, која одговара токму на промените на корисниците. Ако пред 7 години бројот на семејства во Македонија кои пристапуваат до стриминг содржини и платформи беше околу 5%, нашите истражувања покажуваат дека тој број денеска се зголемил на над 35% и континуирано расте“, вели Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација.
А1 Македонија го одбележува седмиот роденден со специјална понуда за корисниците на тарифата А1 Combo L, со која добиваат подарок – седум месеци пристап до најпопуларните стриминг услуги Netflix, HBO Max, SkyShowtime и FILMBOX+ Stream.
Во рамките на роденденската понуда, корисниците на А1 Combo можат да изберат и премиум смартфони по роденденска цена како iPhone 17 за 1.499 денари/месечно или Samsung Galaxy S26 за 999 денари/месечно.
М.Ј.













