Македонија

Обвинелството е против повторното изведување докази за „Тортура“

Јавното обвинителство смета дека сите битни факти се целосно утврдени и фактичката состојба е целосно јасна и концизна, поради што не предлага повторно изведување на докази, изјави обвинителот Љубомир Лапе на преотворената постапка на судењето за предметот „Тортура”.

Случајот за апсењето на Љубе Бошкоски, е вратен во фаза на дополнение на доказна постапка, откако судијката Александра Ристовска, која го води судењето за предметот „Тортура” на 17 јуни, не ја објави најавената пресудата за овој случај со образложение дека на судот не му било јасно кои дејствија ги презеле обвинетите и закажа ново рочиште.

Обвинителот Лапе, на денешното рочиште, рече дека околностите кои судот смета дека треба да се дообјаснат, за тоа кој од обвинетите кое дејствие го преземал, веќе се јасни и утврдени.

Сметам дека обвинетите се поединечно наведени и дека сите употребиле прекумерна физичка сила и го легнале пред камера, знаејќи дека се снима и со тоа заедно го сториле делото, изјави Лапе.

Случајот „Тортура”, во врска со приведувањето на Љубе Бошковски, на 4 јуни 2011 година, беше отворен од поранешното СЈО.

Првообвинет во овој случај е екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и шест припадници на единицата ,,Алфи”.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

Дејан Дејан

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

Дејан Дејан

ЦУК се модернизира – преку „Silent Call“ жртвите на семејно насилство и лицата во опасност ќе може да побараат помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе