Апелација ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Талир 2“.
Со одлуката, ВМРО-ДПМНЕ го задржува партиското седиште, проценето на 14 милиони евра, како и друг имот вреден околу два милиони евра.
По одржана нејавна седница на ден 26.08.2026 година, разгледување на списите на предметот во јавноста понат како „Талир“, а имајќи го предвид и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, соопшти денеска Апелација.
Апелацискиот суд ја одби жалбата на обвинителството, оценувајќи дека не било докажано оти ГП „Бетон“, при склучувањето на договорите со партијата, вршел јавни услуги и дека постоела законска забрана за донирање.
- При постапувањето и одлучувањето, Судот оцени дека преземените дејствија од страна на обвинетиот Н.Г. од С., како одговорно лице во правното лице, се во рамките на неговите овластувања и не се изведени докази од страна на Основното јавно обвинителство Скопје дека постапувањето на обвинетиот е спротивно на Законот за финансирање на политичките партии. Во текот на постапката Основното јавно обвинителство Скопје, како овластен тужител, не докажал надвор од разумно сомневање дека ГП Бетон имал својство на субјект кој во моментот на склучување на договорите со политичката партија, вршел јавни услуги во смисла на горенаведениот закон, така што не постоела законска забрана за донирање средства од негова страна на политичката партија, ниту пак постоела обврска на обвинетиот како одговорно лице на политичката партија, тие средства да ги врати.
Пред три години Груевски првостепено беше осуден на шест години затвор, а беше наложена и конфискација на партискиот имот. Таа пресуда апелација ја укина по измените на кривичниот законик, по што судењето почна одново. За Кирил Божиновски во меѓувреме делото застаре.

Двајца адвокати на екс премиерот Никола Груевски кој е во бегство, а се назначени по службена должност не дојдоа да дадат завршни зборови во предметот за имотот на ВМРО ДПМНЕ. На првиот му се родило дете па земал слободни денови, а второназначениот од судот денеска, не можеа да го најдат. Поради ова судењето се одложи… Продолжи со читање
Јавноста дополнително ќе биде известена за објава на одлуката на Апелациониот суд Скопје, по конкретниот предмет која ќе биде достапна во целост на веб страната на судот, согласно Законот за судовите и Законот за управување со движењето на предметите во судовите, велат од Апелационен суд Скопје.













