Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од утре, пациентите со трансплантирани органи ќе го добиваат лекот „Myfortic“ бесплатно

/

Македонија

Сподели преку :

Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 мг. и 360 мг. без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување.

Од Фондот соопштија дека Управниот одбор ја дал потребната согласност, направени се измените во Шифрарникот на лекови, а договорните аптеки се известени за новиот начин на издавање.

Со тоа, од утре пациентите повеќе нема да доплаќаат 615 денари за Myfortic од 180 мг. и 1.439 денари за Myfortic од 360 мг. Станува збор за терапија која се користи долгорочно и за која континуираната достапност е од исклучителна важност, информираат од Фондот.

Jumbo 2