Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи- истакна на прес конференција денеска Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој обвини дека „обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите“, но и дека „непокренувањето на обвинение не е доказ дека Филипче е невин“.
„Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово, се гледа дека Филипче воопшто не го интересирало мислењето на вработените во Министерството за здравство и стручните лица. На вработените им било јасно дека Филипче сторил криминал во случајот со 19 модуларни болници“, изјави меѓу другото пратеникот на денешната прес конференција.
„Почитувани, сведочиме на низа на пропусти при процедурата и самото поставување на модуларните болници. Воедно, факт е само тоа што Филипче не отстапувал од своја идеја. А сите знаеме дека резултат од тоа се изгорени 14 пациенти во модуларната во Тетово“, истакна Лефков кој ја повика опозицијата „да не кажува дека се грижи за здравјето на граѓаните“.













