Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем пожар го „прекри” патот Штип-Кочани и предизвика сообраќен прекин пред да го изгаси дождот

/

Македонија

Сподели преку :

Голем пожар вечерва беснееше на Експресниот пат Кочани – Штип, а чадот и огнот го прекрија патот поради што сообраќајот беше во прекин.

Стојанче Ангелов од ДЗС информираше дека станува збор за пожар на стрниште кој бил изгаснат со помош на дожд кој заврнал во тој регион.

На социјалните мрежи беа објавени видео-снимки од локацијата и на нив се гледа густ чад и оган над и околу патот, што ја намали видливоста и го отежна безбедното одвивање на сообраќајот поради што автомобилите застануваа и не се пробиваа низ чадот.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува, доколку е можно, да користат алтернативни патни правци и да не се упатуваат кон зафатената делница и да возат внимателно и претпазливо.

Миомир Серафиновиќ

Линк до видеото објавено од ФБ страницата Вестиод Истокот.

 

Jumbo 2