Утре почнува судењето на поранешниот вице-премиер Aртан Груби, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба, дело за кое е предвидена највисока казна од пет години затвор, согласно измените на Кривичниот законик од 2023 година.
Иако на почетокот на годината имаше нови законски измени, се применува најблагиот закон кој важел по извршувањето на делото.
Груби, доби обвинение за кривично дело со пониски казни во споредба со она за кое се водеше истрагата.

Екс вицепремиерот Артан Груби доби обвинение за кривично дело со пониски казни во споредба со она за кое се водеше истрагата. Тој на 24 август треба да седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за кое е предвидено највисока казна од 5 години затвор согласно измените на КЗ од 2023. Иако на почетокот… Продолжи со читање
Заедно со уште 7-мина обвинети, меѓу кои и поранешниот генерален секретар на владата Методија Димовски, екс-директорот на државна лотарија Прпарим Бајрами кој е недостапен, се товарат дека во 2023 и 2024 ја злоупотребиле службената положба и го оштетиле буџетот за повеќе од осум милиони евра со одлуката за набавка на видео-лотариски терминали.
Во февруари годинава Груби, по 14-месечно бегство се предаде на граничниот премин Блаце и му беше сменета мерката во куќен притвор.
Праприм Бајрами е се уште недостапен и за него има притвор по пронаоѓање.

Обвинение за Артан Груби за Лотарија и предлог да остане во куќен притвор поднесе скопското обивнителство. Заедно со уште 7 мина обвинети мегу кои и поранешниот генерален секретар на владата Методија Димовски екс директорот на Државната Лотарија Прпарим Бајрами кој е недостапен се товарат дека во 2023 и 2024 ја злоупотребиле службената положба и го… Продолжи со читање













