Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен Полјак на Табановце возел над 160 км/ч – од 13 приведени половината возеле без возачка дозвола

/

Македонија

Сподели преку :

На место каде е дозволено да се вози 80, возел двојно повеќе. Полјак е приведен на граничниот премин Табановце, откако преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека возел со брзина од 164 километри на час.

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението од МВР.

За истото дело, безобѕирно управување со моторно возило во изминатото деноноќие приведени се вкупно 13 возачи.

Според податоците на полицијата, од нив седум возеле без возачка дозвола, а меѓу нив е и еден малолетник. Петмина возеле пијани, а еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа во која е тешко повреден.

Од 19 август почна и наплатата на сообраќајни казни за странски возила на граничниот премин Табановце.

Софија Бислимоски

Jumbo 2