Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поголема свесност кај граѓаните и правилно селектирање на отпадот – решение за проблемите со дивите депонии

/

Македонија

Сподели преку :

Задача на граѓаните е да го селектираат отпадот на соодветни места, велат од Министерството за животна средина по критиките на граѓаните дека градовите тонат во ѓубре. Тоа значи да не се фрла отпад по улиците и патеките, а оној отпад што треба да се рециклира да се фрла во соодветните канти. Што се однесува до проблемот со дивите депонии, од Министерството велат дека дел од вината имаат и несовесните граѓани, но и недоволната покриеност со услуги во градот.

  • „Отпадот ако е околу кантата, значи тоа е несовесно однесување на граѓаните. Граѓаните треба да ги користат специјалните контејнери, имаме канти, контејнери, значи садови за собирање отпад. Знаеме дека е недозволиво да се фрла на улица, во паркови, во природа итн. Тоа е јасно, меѓутоа, за жал, сè уште има несовесни граѓани. Од друга страна, оние така наречени диви депонии, тоа се ѓубришта кои што се создаваат некако спонтано. Најчесто се создаваат бидејќи домаќинствата во тие региони не добиваат соодветна услуга“, истакна Ана Каранфилова Мазневска, раководителка на Секторот за отпад во МЖСПП.

Мазневска вели дека и изградбата на регионалните депонии е долг процес, за кој е потребно време доколку почнал од нула.

  • „Тоа се скапи објекти, за нив ќе треба и да се плаќа. Не е само да ги изградите, туку и одржувањето ќе чини пари. Од тој аспект, подобро е да имате една на повеќе општини, што ќе ја користат повеќе општини. Процесот тече, ние сме во подготовка на документите. Имаме воспоставено возила, канти и контејнери. Сега сме во фаза на градба“, додава Каранфилова Мазневска.

Регионалните депонии се големи и уредени места за одлагање и третман на отпад, кои не служат само за еден град, туку за повеќе општини од еден регион. Во 2026 година се планира изградба на три регионални центри за управување со отпад: Новаци за Пелагонискиот и Југозападниот регион, Русино за Полошкиот регион и Свети Николе за Источниот и Североисточниот регион.

Софија Бислимоски

Jumbo 2