Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Освоени 5 награди за два филма во кои Македонија е копродуцент на 32. Сараевски филмски фестивал

/

Култура

Сподели преку :

Првиот долгометражен игран филм „ 17 “ на режисерката Косара Митиќ, снимен по сценарио на Митиќ и на истакнатиот хрватски сценарист и режисер Огњен Свиличиќ, прикажан во главната натпреварувачка програма за долгометражни играни остварувања, освои вкупно 4 награди на 32. Филмски фестивал во Сараево: Специјална награда за промовирање на родова еднаквост, престижната награда „Срцето на Сараево“ за најдобра актерка ја понесе Ева Костиќ за главната улога на Сара,  како и UniCredit награда од публика и наградата Cineuropa, која е од помош за понатамошната дистрибуција на филмот. Тој е работен како копродукција меѓу Македонија, Србија и Словенија, Cinema Network и Cinelink Work in progress. Од Македонија продуцент е продукцијата„ Црна мачка“.

  • Сараевкиот филмски фестивал за многумина е еден од најзначајните филмски фестивали во Југоисточна Европа.И со тоа ценам дека овој успех е огромен за нашиот филм, како и за Македонија. Најзначајна од наградите за мене е нормално, наградата од фестивалската публика.Тоа е искрена награда, публиката не може да се излаже , не може да се изманипулира и секогаш го кажува она што точно го мисли и што го почувствувала за време на проекциите, рече Томи Салковски од продукцијата „ Црна мачка“.

„ 17“ ги тематизира врсничкото насилство и малолетничката бременост и го поставува прашањето за колективната одговорност.Кинематографер е Наум Доксевски, а покрај Ева Костиќ, настапуваат и Мартина Даниловска, Сашко Коцев, Диме Јовески, Петар Маниќ и др.

Во главната натпреварувачка програма на филмскиот фестивал во Сараево беше прикажан и филмот „ Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума. Тој ја освои Специјалната награда за младински перспективи. Сместен во Шуто Оризари, филмот зборува за малолетничките договорени бракови од интерес и за вредноста на сестринството. Според режисерката, наградата е за сите девојчиња кои се борат за своето место под сонцето.

  • Скејтбордингот е тежок. Паѓате, се повредувате. И потоа повторно станувате. И на некој начин за тоа е филмот.Зашто да се биде жена може многу да личи на тоа. Паѓате, повторно станувате, се борите за ваше место и продолжувате. Но, најважно е дека учите да преземете контрола над вашиот живот, дури и тогаш кога светот постојано ви кажува каде треба да биде вашето место .Па, оваа награда е за сите девојки кои постојано се враќаат на скејтборд, кажа Дина Дума- режисерка на филмот, при синоќешното примање на наградата.

За сценариото на „Скејтбордингот не е за девојчиња“, режисерката Дума соработуваше со Лидија Мојсовска и со Теона Стругар Митевска. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, а македонски продуцент зад ова остварување е продукцијата „ Сестри и брат Митевски“.

Двете остварувања ќе се натпреваруваат во главната програма на Филмскиот фестивал во Херцег Нови , што започнува вечерва.

Сотир Трајков