Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото+видео) Се уништува природното богатство на Шара „лудуваат“ мотори и кдаврицикли

/

Македонија

Сподели преку :

Шар Планина под опсада на мотори и квадрицикли со кои се уништува природното богатство и се нарушува мирот и спокојот на дивите животни како и останатите посетители.  Од Националниот парк бараат апелираат на совесност. Се надеваат на поголема помош од другите институции, а се смета дека треба да воведе и систем налик на Сејф сити.

Наместо дестинација за што е можно повеќе посетители, Шар Планина на лето го губи препознатливиот лик, бидејќи станува една голема патека за мото трки.  Поради несовесното и брзо возење со мотори и разни видови четирицикли, многу поединци создаваат големи облаци прашина, па го загадуваат воздухот и го уништуваат природното богатство на планината.

  • Особено критичен период на Шар Планина е периодот кога доаѓаат, финансиски моќните луѓе што живеат во странство, а тоа е некаде од средината на јуни до средината на август. Тие живеат во европски културни земји каде што ги почитуваат правилата, меѓутоа тука не се навикнати дека е воспоставен нов режим на однесување и треба да се почитува правилото за да го зачуваме нашиот национален парк Шар Планина – Анела Ставревска-Панајотова-раководител на одделение за заштита на природата во НП Шар Планина.

Ваквото однесување во природни средини е несоодветно, предупредуваат стручните лица.

  • Јас ги разбирам зависниците од адреналин и допамин, нормално задоволство им создава. Меѓутоа, ние што сакаме да рекреираме навистина имаме и физичк и психичко и социјално нарушена благосостојба. А тоа се сите три основни постулати по Светска здравствена организација – Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија.

Вработените во Националниот парк велат дека речиси е невозможно тие да ги спречат овие несовесни постапки. Се обидуваат нешто да сменат со апели, координација со полицијата и помош на локалното население.

  • Навистина треба да се почне да се разговара каде што разговараме за Сејф сити, во државата во урбани средини да почнеме да разговараме за овој нов тренд како да го решаваме во што поскоро време. ШП е многу тешка за контролирање, затоа што постојат околу осумдесетина влезови и излези и апелот е направен и со цел да се информираат луѓето како треба да се однесуваат- Анела Ставревска-Панајотова-раководител на одделение за заштита на природата во НП Шар Планина. 

Фрлањето отпадоци и понатаму е дел од несовесното однесување и трајно оштетување на заштитеното природно подрајче. Неделава е евидентиран и нов облик на вандализирање-уништени или оштетени се 50-тина од над 100 новопоставени метални столбови за зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв.

Александар Самарџиев

Б.С.

Jumbo 2