Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Личните асистенти се откажуваат од работа поради доцнење со месеци на исплатата на надоместоците

/

Македонија

Сподели преку :

Деструктивно и нестручно однесување што направи хаос во социјалниот систем. Вака од Коалицијата Менуваме ја опишуваат состојбата во која се наоѓаат лицата со попреченост и нивните асистенти во Скопје, на кои за мај, јуни и јули не им се исплатени надоместоците за асистенција. А, на ниво на цела држава доцни исплатата за јули. Од Коалицијата велат асистентите се разочарини и се откажуваат од работата, што според нив била и целта на Министерството за социјална политика.

  • Личните асистенти се разочарани. Ние во моментот имаме случаи кои се откажуваат. Тоа е и целта на ова министерство за социјална политика. Не знам дали да го наречам социјална политика за смрт. За да овие асистенти се откажат и да нема корисници, рече Суарет Алишан , координатор на Коалиција Менуваме.

Поради повторување на проблемот со исплатата последниве две години, на состанок одржан во мај во ресорното министерство, тогашниот заменик министер, денес министер за социјална политика, Ѓоко Велковски им ветил дека по реконструкцијата на владата, ќе продолжи редовната исплата на личните асистенти и дека ќе се вратат намалените часови за асистенција.Ветувањето не е исполнето со повторното доцнење на исплатата на надоместоците, па по интензивни обиди, Коалицијата вчера добила одговор од министерот Велковски, дека Министерството ги доставило налозите до Финансии , т.е. до Трезорот, на 18 август. Но, исплата нема.

  • До денеска до 15 часот, доколку ги нема, не за два месеци, за трите месеци исплатени парите, ние сакале- нејќеле ќе продолжиме со понатамошни дејствија, со помасовен протест, кажа Алишан.

Средствата се одобрени и налозите доставени за исплата, со што се исполнети сите услови за реализација на истата, велат од Министерството за социјална политика, во одговор за Телма. Споредн нив, личните асистенти може да очекуваат средствата да бидат исплатени во најкус можен рок. Но, од Министерството за финансии без конкретен одговор, кога личните асистенти ќе бидат исплатени . Велат дека налозите преку Трезорот на Министерството за финансии, доставени од буџетските корисници се реализираат тековно и нема застој во исплатата.

Сотир Трајков

Jumbo 2