Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарите не стивнуваат – оганот кај Никуштак се шири кон селото

/

Македонија

Сподели преку :

Состојбата со пожарите не мирува. Во моментов активни се неколку пожари низ државата. Најсериозна е состојбата во атарот на селото Никуштак, Општина Липково каде огнот полека се доближува до манастирот, а еден од краците се движи во правец на селото.

Надлежните велат дека ги користат сите капацитети, но сметаат дека пожарот нема да биде изгаснат во текот на денот. Во гаснењето од воздух учествуваат трите ер-трактори.

Во девет налети истуриле вкупно 81 тон вода, но и тоа не било доволно за целосно локализирање на огнот.

„Нашите служби се наоѓаат на оваа фронтална линија. Меѓутоа од она кое можеме да го видиме оттука се разгорува уште еден крак кој се движи во близина на гробиштата на село Никуштак и сметам дека тоа ќе биде малку посериозно и поголем дел од силите сега ќе ги насочиме таму. Ситуацијата е сериозна, премногу е суво на теренот, а има многу висока трева. Има и еден ветар кој дополнително му оди во прилог на пожарот“ – вели Кире Михаилов од ЈП „Македонски Шуми“.

Од Институтот за јавно здравје предупредуваат дека пожарите на отворено можат да го загадат воздухот и на големи растојанија, а чадот да предизвика здравствени проблеми.

При појава на густ чад, препораката е децата, бремените жени, постарите лица и оние со хронични заболувања да избегнуваат престој на отворено, како и одржување на чист воздух во затворените простории.

Тамара Марковска

Jumbo 2