Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осум посебни пунктови на Табановце за наплата на казните од „Безбеден град“

/

Македонија

Сподели преку :

По километарските колони на граничниот премин Табановце, таму се во функција осум наплатни пунктови каде странските возачи може да ги платат казните за сообраќајните прекршоци евидентирани од  „Безбеден град“.

Примената на овој систем за странските возила значително го забави излезот од државата преку Табановце каде според регистерските ознаки на странските возила се проверува дали постои претходно евидентиран сообраќаен прекршок. Доколку се утврди дека има неплатена глоба, возачот се упатува на пунктот за да ја регулира обврската, а останатите продолжуваат кон излезот од државата.

Вчера, како што регистрираше и камерата на Телма, на Табановце се создадоа колони и револт кај патниците кои на температури и до 40 степени, чекаа со часови за да ги платат глобите за прекршокот кој го сториле на македонските патишта.

Отворањето на дополнителните пунктови го забрза протокот по повеќечасовните застои, но не ги запре реакциите на српските државјани кои на социјалните мрежи се „побунија“ дека идната година ќе размислат кон Грција да патуваат преку Бугарија.

Jumbo 2