Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три месеци доцни исплатата на надоместоците за асистентите на лицата со попреченост – од „Менуваме“ бараат исплатата да се изврши денес до 15 часот

/

Македонија

Сподели преку :

Коалицијата „Менуваме“, реагира дека доцни исплатата на надоместоците за асистентите на лицата со попреченост.

Од Коалицијата за Телма велат дека во Скопје не се исплатени асистентите за мај, јуни и јули. А, за јули, во целата држава не се исплатени асистентите на лицата со попреченост.

Од Коалицијата бараат исплатата да се реализира до 15 часот денеска.

Во спротивно, како што кажаа, ќе организираат протест пред Министерството за социјална политика, демографија и млади. Телма испрати прашања во ресорното министерство и очекуваме одговори во текот на денот.

С.Т.

Jumbo 2