Вести Македонија Најважни

Велешанецот кај кој е регистриран делта сојот не верува дека има корона

Во една од овие болнички соби на инфективното одделение во велес лежи 43 годишниот пациент кај кој е лоциран делта сој на ковид 19. Случајно го затекнавме на тераса, но не сакаше да говори пред камера. Ни раскажа дека неодамна се вратил од Англија каде работи. Се пожали дека условите се лоши и дека во петок очекува негативен тест за да излезе од болница. Не верува ниту дека има корона, бидејќи симптоми нема, а не е ни вакциниран.

Отидов на преглед само поради тоа што имав проблеми со синуси. Гледате и сами дека ништо не ми е и едвај чекам да излезам од тука. По доаѓањето контактирав само со сопругата и таа е добро, нема никакви симптоми.

Според информациите од епидемиолзите во анкетниот прашалник е наведена само сопругата. Пациентот слетал во земјава на 21 јуни кога се вратил во велешкото село каде живее,  а на 28-ми бил хоспитализиран.

Во моментов активени се само два случаи со ковид од кој еден е со делта сој. Спасот докторите го гледаат во вакцинацијата. Интересно е тоа што овие два дена интерсот за имунизација во градот е пораснат.

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски смета дека не е потребен карантин за градот само поради тоа што има еден случај со делта сојот кој полесно се шири.

Во велешкиот вакцинален пункт до сега се пуштени 11 000 дози на вакцини, не вклучувајки ги оние кои претходно беа вакцинирани во кавадарци, скопје или странство.  Со прележаните близу 5500 претпоставките се дека речиси половина од граганите примиле барем една доза на вакцина или ја поминале болеста.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Трамп се огласи по наводниот план на Иран за негов атентат: Американската војска е подготвена да ги уништи сите ирански области

Tea Dimkovska

Во пожарот во Шпанија загинаа 12 лица – се трага по 23 лица исчезнати во огнената стихија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе