Вести Македонија Најважни

Од понеделник вакцинација на деца од 12 до 16 години против коронавирус

Стартува вакцинација на деца од 12 до 16 години против Ковид-19. На доброволна основа тие од понеделник ќе можат да бидат вакцинирани, но само со вакцината на „Фазјер“ која до сега е единствена одобрена за аплицирање на деца.

Од истиот датум, 12 јули, се отвораат и сите пунктови за вакцинација без претходно закажување, а до тогаш Филипче очекува во земјав бројката на вакцинирани да достигне 500.000.

Отворањето на пунктовите и вакцинцијата на децата од 12 до 16 години како мерки за зголемување на обемот вакцинација доаѓаат во исто време со седум потврдени активни случи на делта сојот на корона вирусот, во моментов во земјава. Ниту едно од седумте лица со делта сојот не биле вакцинирани, а потврдено е и дека биле во странство. Едниот од нив е во потошека здравствена состојба, а другите немаат тешка форма на болеста. Од МАНУ пак денеска најавија дека сите нови позитивни случаи ќе се испитуваат од кој сој се.

За тоа колку временски по влезот на делта сојот во земјава се очекува тој да стане доминантен, со оглед дека досегашните истражувања покажуваат дека тој е за околу 60 проценти позаразен од бритаскиот сој, Филипче со став дека тоа не може да се избегне, но оти можат да се избегнат тешките форми на болеста со вакцинација.

И според Димовски вакцинацијата е единствен опција за полесно да се помине ширењето на делта сојот на коронавирусот.

И покрај влезот на делта сојот во земјава Филипче уверува дека генерално состојбата со епидемијата е мирна и засега не се предвидува воведување рестриктвини мерки во земјата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Трамп се огласи по наводниот план на Иран за негов атентат: Американската војска е подготвена да ги уништи сите ирански области

Tea Dimkovska

Во пожарот во Шпанија загинаа 12 лица – се трага по 23 лица исчезнати во огнената стихија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе