Министерството за економија утре ќе соопшти кои ќе бидат мерките со кои ќе интервенира за да спречи скок на цените на училиштен прибор. Денеска во економија е средбата со трговците на училишни материјали на која треба да се прецизираат деталите а одлуката ќе биде изгласана на седницата на Влада закажана за вторник.
Со одлуката треба да бидат опфатени сите реквизити за учениците како ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери и прибори за ликовно и техничко образование кои секоја година паѓаат на товар на родителите.
Таканаречената „училишна кошничка“ беше активна во последните две години пред се поради високата инфлација и предвидуваше маржи до 10 отсто а траеше до 15 септември. Тогаш од економија пресметаа дека секое семејство заштеди најмалку по 1.500 денари од еден ученик.
За да се намали финансискиот товар за родителите, некои скопски општини даваат бесплатно ранче и училиштен прибор, униформи, кај некои има и дополнителна бесплатна ужинка заедно со финансиска поддршка, а пари за родителите обезбедуваат и неколку општини од внатрешно за државата.
Она што е клучно е дека според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, 10,5 отсто од синдикалната кошничка отпаѓаат на образование па така на едно четиричлено семејство со двајца ученици месечните трошоци за образование изнесуваат околу 7.200 денари месечно.
ССМ денес ја објави последната кошница за месец август која изнесува 68.675 денари и е незначително повисока од претходната за 177 денари. Трошоците за четиричлено семејство кое евентуално живеење под кирија се проценети на дополнителни 22 илјади денари па нивната кошничка тежи 84 илјади денари.
Од Владата има најави но се уште не е објавена нивната кошничка односно пресметка колку е минималецот за едно четиричлено семејство да може да врзе крај со крај во месецот.
Огнен Чанчаревиќ













