Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ до петок ќе ја достави резолуцијата во Собрание – Османи бара консолидација на текстот

ВМРО ДПМНЕ е изненадено од изјавата на Министерот за надворешни работи Бујар Османи дека за резолуцијата треба да се преговара од почеток а не таа да биде наметната од една партија заради политички амбиции.

Содржината произлегува од  ставови дадени од научни институции. Нема за што да се преговара.Може да се разговара за некои детали но дали тука во Собранието може да подготвиме нешто што е подготвено во МАНУ и УКИМ, вели Тимчо Муцунски.

За разлика од Османи, Вицепремиерот Артан Груби уверува дека ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата.

Резолуцијата ќе биде доставена во Собранието најдоцна до петок.

Поддршка доби од владејачката СДСМ и од помалите политички партии. Партиите на Албанците се изјаснија  воздржано за нејзиниот текст.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе