Поради детектирањето на Делта сојот на корона вирусот кај пациенти во нашата држава, можно е да се веведат мерки на границите при влез во Македонија, најави министерот за здравство.
Тој сепак додаде дека нема да има реорганизација на она што сега функционира, како што отворени установи со почитување на протоколи.
“Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени” – изјави Филипче по средбата со академик д-р Александар Димовски од Центарот за генетички инженеринг и биотехнологија од Македонската академија за наука и уметности (МАНУ)
Оваа мерка би можела да важи и за македонските државјани кои ќе се враќаат од летување во странство, додолку се одлучи дека тоа би имало епидемиолошка вредност.
Филипче најави и дека од понеделник ќе се дозволи вакцинација против Ковид-19 за деца од 12 до 16 години. Оваа категорија млади граѓани на Македонија ќе може да се имунизира со вакцината на Фајзер, со оглед на препораката на производителот.
