Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново признание за кампањата “Крени глас против врсничко насилство” на Макпетрол

/

Македонија

Сподели преку :

Кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ добива уште едно значајно признание, овојпат на меѓународно ниво, како финалист во категоријата Social Responsibility – NOCs/Large Companies на WPC Energy Excellence Awards 2026.

Во изминатите две години, кампањата обедини деца, родители, наставници и локални заедници во заедничка цел: да зборуваме отворено за врсничкото насилство, да го препознаваме навреме и заеднички да придонесуваме кон негово спречување.

Преку 620 работилници во повеќе од 150 основни училишта и 26 општини, разговаравме со над 18.000 ученици, а дополнително беа опфатени и повеќе од 3.000 родители. Како дел од кампањата, „Макпетрол“ го издаде и Прирачникот за спречување на врсничкото насилство, кој во соработка со Министерството за образование и наука беше доставен до сите основни училишта во државата, како дополнителна литература за потребите на стручниот наставен кадар.

Признанието на WPC Energy Excellence Awards е уште една потврда за успехот и влијанието на кампањата, но и мотив за „Макпетрол“ да продолжи да инвестира во иницијативи што оставаат позитивен белег во општеството.

Победниците ќе бидат прогласени на 13 октомври 2026 година во Ријад, Саудиска Арабија, во рамки на 25-от Светски енергетски конгрес.

Jumbo 2