Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интисмеран ги исполни целите – вакцината против меланом на „Модерна“ успешно ги мина тестирањата

/

Наука и здравје

Сподели преку :

Вакцината мРНК на компанијата „Модерна“, во комбинација со имунотерапија на Мерк, успешно го мина истражувањето во подоцнежна фаза за превентивно користење против рак на кожата, соопштија денеска од компанијата.

Истражувањето е сè уште во тек, меѓутоа привремените резултати покажаа дека третманот со Интисмеран ја исполнил примарната цел за намалување на повторното појавување на ракот, како и секундарната цел – спречување на ширењето на ракот на други делови на телото, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Аналитичарите минатиот месец излегоа со проценка дека терапијата би можела да генерира околу три милијарди долари за лекување на меланом до 2035 година.

„Модерна“ неодамна го диверзификуваше сопственото портфолио надвор од рамките на вакцината против ковид-19. Од неодамна во производствениот процес на компанијата е додадена вакцина против грип која е одобрена од Американската агенција за храна и лекови, а истовремено развива експериментални вакцини за болести како норовирусот и лајмската болест.