Македонија Најважни

Нема нови случаи од високо заразниот делта сој во Велес , смируваат властите

Смирувачки вести од Велес, каде е хоспитализиран 43 годишен пациент, позитивен на делта сојот од корона вирусот.

Според здравствените работници од овој град, пациентот, кој бил хоспитализиран на 28-ми јуни, веќе го минал периодот кога можел да го пренесе вирусот, но засега нема ниту еден нов случај од велешко, кој би можел да биде заразен од него.

Дури ниту неговата сопруга, која според епидемиолошката анкета, е единствен пријавен контакт, нема никави сиптоми и е негативна на Ковид-19. Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, вели дека не се потребни нови мерки во градот, туку  само доследно  почитување на постоечките, како носењето маски во затворени простории.

Инаку, мажот се вратил од Англија на 21-ви јуни и се пожалил на кашлица и покачена телесна температура. Неговиот матичен лекар, кога дознал дека тој се вратил од Англија, каде се шири делта сојот, веднаш го испратил во инфективното одделение во Велес, каде тој бил сместен на лекување.

Тој е во добра состојба и сместен во изолација во болницата во Велес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК се модернизира – преку „Silent Call“ жртвите на семејно насилство и лицата во опасност ќе може да побараат помош

Дејан Дејан

Марта Кос: Ниту една земја кандидат за членство во ЕУ досега нема добиено, ниту пак може да добие гаранции за евентуален нов билатерален спор

Дејан Дејан

На тепачите од Ченто кои нападнаа малолетник одземени им се пасошите и забрането им е да го напуштaт домот

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе